Барам начини на заработка преку интернет

... ама тешко е за нас Северџаните така? Доста од вас рекле, ту како не сум од Америка, сите страни даваат за нив пари, а нас кој не тркала.
Тешко е. Но не е невозможно...


Да ви ја кажам мојата приказна во кратки црти.

- Се родив девеесетите, имав убаво детство,
- Како мал бев дијагностициран со Диабетес тип 1, до ден денес сум со тоа.
- Завршив средно во Орце Николов.
- Почнав на Економски факултет, е-бизнис (криво ми е малце за ова).
- После еден семестар го прекинав.
- Почнав на Филолошки Факултет, смер превод и толкување англиски и германски.
- Не го завршив, државјанството и сите документи ми се во архиви негде таму, ме мрзи да одам да ги земам,
- Се вработив како техничар во интернет клуб (еее на времето најтмери коа се маваше).
- 5 години работев во министерства како информатичар.
- После 5 години сфатив дека не се исплати да си информатичар во администрација.
- Plot twist.
- Станав шанкер на мои 27 години!
- Убаво ми тргна.
- Ме дознаваа луѓето кој сум и што сум.
- Почнав да си фаќам мали тезгичиња, оп од ваму 3000 ден. за правење коктели на свадба, оп од ваму 5000 ден за роденден на некој буџован.
- И еве ме сега уште сум со тоа.
- Шанкерство, убава професија, можеби една од ретките професии каде што работиш и се журкаш во исто време.
- Почнува февруари, фаќа вирусот Корона или Covid 19.
- Сите кафичи, ресторани се затвараат.
- Останувам на статус кво, не знам дали фирмата каде што работам моментално ќе ме одјави, чекам да видам како ќе ескалира ситуацијава, парите ги снемува, живеам со девојка ми која воедно и таа работи како шанкерка.
- Напет!!!
- Почнав да барам начини како да заработувам пари преку интернет.
- Затоа сте и вие тука изгледа, сакате да видите некој начин како да се збогатите...

Не сум јас како тие луѓе што ќе ги начекате на YouTube кога ќе пишете Make Money Online и почнуваат да ви трубат, некои тактики да ви кажуваат, да ветуваат брда и планини, да вртат зборови дека ќе правите по 100$ дневно... Да ќе прават тие се додека има фацки како нас што ќе им ги гледаат тие видеа. А ние ќе останеме со стапот во раце и ќе се туфкаме и пресметуваме дали месецов ќе имаме доволно пари да ја исплатиме закаснетата рата за кредит и воедно да ни остане некој денар за сметката за струја, дека еве ги пак ЕВН тропаат на врата.

Тука сум за вас да ви кажувам РЕАЛНО на која страна може да направите некој денар, а која е чиста превара. Воедно ќе оставам и контакт мој од социјални мрежи за да стапиме во контакт доколку имате некои прашања поконкретни.

НЕ! Јас не сум експерт за правење пари преку интернет, јас сум само уште една троа напатена душа која и текнало еден ден да пише на YouTube " how to make money online" и почнала да врти во круг со видеата.

Тука сум само за да ви помогнам, дека сите сме исти во државичкава, кој не е синче или ќеркичка на мама и тато со акции од Макпетрол значи големи се шансите да ги пишал тие три клети збора MAKE MONEY ONLINE.

Comments

Popular posts from this blog

mturk.com