mturk.com
Прв пат кога почнав да се занимавам со правење на пари преку интернет е далечната 2007. Ок, не беше баш класично правење на пари туку еден начин на собирање на пари кои понатаму можеа да се искористат на amazon.com како гифт карта. Страната се вика mturk.com. Оваа страна е можеби на прво место од сите останати страни кои нурат микроработи, односно работи во стил на:
- одговараш survey и те плаќаат
- вршиш транскрипција на видеа и аудиа
- пишуваш тагови на видеа
- пишуваш наслови на видеа
- броиш колку луѓе ќе се симнат по скали на видео од 10 секунди
- разговараш со виртуелна интелигенција AI
- многу други мини работички кои даваат некоја минијатурна сума на пари
Самава страна има и свои негативни работи, на пример ако си од US имаш поголем избор на работи, абе можеш по цел ден да работиш и комотно да си правиш по 50$ дневно, исто така можат и да си ги вадат парите на трансакциска. Ама јбг далеку сме ние од нив...
Странава тоа време беше ПРОФИ! Двајца другари веќе млатеа пари на неа, количина над 1000$ Дури еден од нив си купи апарат за сликање NIKON или CANON не знам кој вредеше 900$ Се што плати беше царината и шипингот. Замисли средношколец тоа време да има таква пара. Да не зборам за останатите работи што си ги купуваше, патики, облека, гаџети итн...
Јас тоа време имав друга комбинација, сакав да направам доволно пари за да купам злато од amazon.com и понатаму да го продадам во чаршија. Извадив некој добар денар, над 20 000 денари вредност. Со златарите од чаршија бев шајка тогаш.
Но прекина и тоа, како течеше времето така се повеќе обврски имав и немав доволно време да и посветам на страната.
После пауза од скоро 10 години, пред 2 месеца пак се уклучив да видам до кај сум. На салдо сеуште ми стоеја 12$ па си реков ај ќе направам некоја работичка да видам како стоиме. Стигнав до 60$ после месец дена работење (тука е колку повеќе завршуваш работи толку те плаќаат)
Решив да земам да си купам нешто...
Е тука се заебав, amazon.com веќе не вршеле достава до Македонија!
Значи изгубив месец на правење на пари кои не можам да ги потрошам!
Можам да замислам и зашто не банирале како држава нас. Сигурно сме правеле некои дубари во стил нарачуваш пратка ти стига и после им се жалиш Абе не ми стигна пратката вратете ми ги парите. И... оп македонче си го стави сам во себе. Е браво!
Можеби има некој начин или има некој seller кој носи во Македонија од Амазон но не се потрудив да видам како стојат работите.
Мој предлог е да си ја пробате странава се разбира доколку даваат луѓе од Македонија да се регистрираат, знам уште тогаш кога им требаа работници даваа одреден период кога може некој да се регистрира.
Оцена за странава 2/5
Comments
Post a Comment